Михалис Рокас прв Грк амбасадор на ЕУ во Македонија

Михалис Рокас ќе биде новиот амбасадор на Европската унија во Македонија, реши високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел.



Роден во септември 1964 година во Атина, наследникот на Британецот Дејвид Гир ќе биде првиот Грк на оваа функција во кандидатката за членство во ЕУ, а во Македонија доаѓа од Малезија, каде што е амбасадор и шеф на Делегацијата на ЕУ.

Рокас има 26-годишно искуство во областа на надворешните работи, приклучувајќи се на Генералниот директорат за надворешни односи на Европската комисија во 1994 година.

Бил вршител на должноста шеф на Делегацијата на ЕУ во Нов Зеланд, прв секретар на Канцеларијата на Европската комисија во Хонгконг и во Макао, шеф на Одделот за поддршка на делегации во Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), како и заменик, а потоа и шеф на Одделот на ЕЕАС за Кина, Хонгконг, Макао, Тајван и Монголија.

Амбасадорот Рокас е дипломиран економист и има завршено постдипломски студии по европска економија.

Покрја мајчиниот грчки јазик, тој зборува и англиски, француски и германски.