Михаилов: Со подметнати пожари сами себе се убиваме

„Малку ли беше пеколната 2024 во која имавме илјадници пожари, по 50-тина дневно кои пеплосаа огромни површини, направија непоправлива штета на државата и екологијата воопшто, уништија домови, повредија луѓе и за жал однесоа и една жртва?“



Мене искрено не ми е јасно дали не сте свесни дека ние самите сме си најголем душман, со ова буквално се убиваме, се труеме, а ги труеме и нашите најмили и најблиски…“ предупредува заменик директорот на Макдонски шуми, Кире Михаилов.

Тој апелираше на поголемо внимание кај сите граѓани воопшто, „а секако и да ги пријавиме сите оние кои палат пожари, а со тоа заеднички да ја заштитиме природата“

Михаилов им се обрати на сите граѓани, но особено на земјоделците кои и покрај апелите продолжуваат да ги палат пред орање. Само во текот на вчерашниот празничен ден ги гаселе екипите на јавното претпријатие.
„Иако календарски зимата трае уште две недели, ние последниве денови на територијата на цела Македонија се бориме со по неколку пожари дневно“ рече Михаилов.

Тој побара веднаш измени во законот и делото “намерно подметнат пожар” да го се поистовети со убиство, а казните за истото дело да бидат огромни, затворски, затоа што друга алтернатива и спас од овој крајно нехуман однос.