Адвокатот Јанаки Митровски се огласи откако Иџет Мемети, кој е член на Советот на јавни обвинители, признал дека сторил кривично дело примање награда за противзаконито влијание, во случајот каде обвинет е и врховниот судија, Наќе Георгиев.
„Иџет Мемети се спогодил да не оди затвор за тргување со влијание во предмет каде во притвор е врховниот судија Наќе Ѓорѓиев. Иако првично негираше вина кога виде условна му се ококорија очињата. За разлика од Наќе не виде ни ден притвор. А и зашто би кога Изет е од ДУИ, а не е тајна влијанието на ДУИ во организиран.
А да и забрана за вршење професија доби во времетраење од три години. На така високо профилиран предмет фатен со рачињата во медот што би рекла онаа несреќна Данела. Која лакрдија!!!“ напиша тој на фејсбук.






