Митровски стрелец во победата на Вараждин против Осиек

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски придонесе со еден гол за победата на Вараждин од 2:1 над Осиек на свој терен во претпоследното коло од Хрватската фудбалска лига (ХНЛ), која го врати неговиот тим на четвртото место на табелата, историски пласман на вараждинци.



Играчот за врска го отвори резултатот во 22. минута со својот осми првенствен гол сезонава, со кој се наоѓа на седмото место на листата на стрелците во најсилната хрватска клупска конкуренција, престигнувајќи го за еден погодок сонародникот Илија Несторовски од Славен Белупо.