Адвокатот Јанаки Митровски со реакција на трагедијата во дискотеката во Кочани за која вели дека таква Македонија не памети.
„Над педесет жртви, бројка која за жал веројатно ќе расте. Нашите срца, мисли и молитви се со семејствата и цело Кочани.
Од искра се запалил кровот. Дискотеката е градена од што, картон? Како објектов добил дозвола за градба, технички прием?! Корупцијата во градежниот сектор и генерално УБИВА!!!
Ако и овој пат дозволиме “кабелот да биде крив” треба да се самоукинеме како држава!!!!
#Одговорност #КартонДискотека“ објави на Фејсбук познатиот адвокат.
Дојче веле , пак дознава дека лиценцата за работа на дискотеката „Пулс“ истекувала на 24 март.






