Митева: Битиќи преку писмо барал од компаниите на кој им доделил државна помош да гласаат за него

ВМРО – ДПМНЕ, објави писмо во кое вицепремиерот и носител на листата на СДСМ во ИЕ 2, Фатмир Битиќи, ја злоупотребувал службената положба и барал од компаниите и бизнисмените да ја поддржат неговата партија, па дури во него го наведува и редниот број на гласачкото ливче.



Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра. Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра. Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО – ДПМНЕ.

Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено  според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел, додава Митева.

Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува – изјави на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.