Мистериозна изјава на Мицкоски што треба да ги загрижи Филипче и Ахмети: Довербата од граѓаните е огромна

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првиот ден од настанот на партискиот истражувачки аналитички центар (ПИАЦ) даде мистериозна изјава што треба да ги загрижи Филипче и Ахмети.



Мицкоски изјави дека довербата од граѓаните е огромна што укажува на можноста тој да има резултати од нови анкети кои покажуваат раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и негов личен раст.

ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ – ,,Љубиша Георгиевски” во соработка со ИФЕС денеска и утре одржува дводневен семинар во Гевгелија на тема – ,,Модернизирање на комуникациските стратегии за локалните избори 2025″ на кој учествуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и ИК на партијата.

На семинарот со свое обраќање на присутните им се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој кажа дека партијата е во контакт со членовите и граѓаните и дека секојдневно се унапредува комуникацијата со членовите и граѓаните.

Мицкоски потенцира дека партијата е во врвна кондиција и дека се очекува огромна победа на претстојните локални избори.

,,Довербата на граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ е огромна, а особено заради енормниот број на завршени проекти”, рече Мицкоски.

Претходно свое обраќање имаа и генералниот секретар, Ѓорѓија Сајкоски и раководителот на ПИАЦ Светислав Васев, кои се обратија во делот на теренските активности и комуникацијата.

Во текот на денот предавањата беа одржани од Кристијан Седак, професор комуниколог од Хрватска.

Поврзана вест

Меџити: Ми понудија да ја поделам Вреди, да се вратам во ДУИ и да ја преземам, по пензионирањето на Ахмети, но не прифатив!