Мислата на Гоце која исчезнала од бугарските архиви е еден од примерите со кои партијата на Македонците ОМО Илинден Пирин докажува како Бугарија го фалсификувала делото на Делчев кое имало за цел независна држава Македонија.
Личноста и делото на Гоце Делчев одамна се мета на фалсификување во Бугарија како дел од идеолошката борба против македонскиот народ. Тој процес посебно е засилен по 50-тите години на минатиот век, активно продолжува и во сегашноста, пишува ОМО Илинден Пирин.
Македонците од Бугарија откриваат дека еден ваков пример за манипулација е ново издание на личните бележници на поетот Пејо Јаворов, кадешто тој во своите стенографски записи забележал една мисла на Гоце Делчев. Мисла којашто не е објавена никаде. Ја нема ниту во биографијата на Гоце Делчев, ја нема нити во книгата со спомени „Ајдучки копнежи“.
Бугарската историја со децении тврди дека Гоце рекол нешто што не рекол со цел да ја докаже неговата бугарска свест.
Историчарите од Бугарија тврдат дека Гоце рекол: ,,Ќе го скинеме овој превез и сонцето на слободата ќе свети, но на бугарско сонце”.
ОМО Илинден Пирин докажува дека всушност Гоце вели дека сонцето што ќе светне нема да биде бугарско:
,,Ќе го скинеме овој превез и сонцето на слободата ќе свети, но не на бугарско сонце”, е оригиналната мисла на Делчев која е извитоперена од Бугарската наука.
Фалсификатот прв пат е разоткриен од проф.д-р Стефан Влахов-Мицов веднаш по објавувањето на книгата.
,,Сега Ви нудиме едно детално истражување за тоа како е направен самиот фалсификат, со што и сакаме да го свртиме вашето внимание кон прашањето – Зошто таа мисла на Гоце Делчев не нашла место никаде во публикациите на П.К.Јаворов”, стои во објавата.
Објавата на овој ЛИНК
🔗 Целата анализа е достапна и на линкот:
https://drive.google.com/file/d/1xqwlQjkg9zv1wXg2XxgzZqr6A-ohSuAw/view






