„Мисионерот од Mала Речица“ Ахмети се бори „за нашата европска кауза“, или „за нашата албанска кауза“?!

„Денес во Зајас гласав, за да придонесам кон трасирањето на нашата европска иднина. Имаме историска шанса со нашиот глас да ја запечатиме засекогаш нашата евроамериканска ориентација, да и кажеме НЕ на Русија, ДА на Европа! Затоа ве повикувам сите да гласате за големата  победа на нашата европска кауза!“ објави „евроамериканецот“ и лидер на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук-профил. Откако и денес, на денов на гласањето за претседателските избори им кажа категорично на Русија и Путин дека ги нејќе, а оти Европа многу ја сака, останува впечатокот дека не е баш најасно: „мисионерот од Мала Речица“ и шеф на „интегративците“ се бори за „нашата европска кауза“, или „за нашата албанска кауза“?!