Мисајловски: Нема да се случи ВМРО ДПМНЕ да не формира нова Влада, ќе ја предводи сигурно, премиер ќе биде Мицкоски!

Дали ако ВМРО-ДПМНЕ не успее да формира Влада, ќе се повлече раководството на партијата? На ова прашање во емисијата „Клик Плус“  на ТВ 21 синоќа одговори потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на изборната листа во изборната единица 2 Владо Мисајловски. „Ова е прашање во вид на претпоставка, но ќе ви одговорам директно. Тоа нема да се случи. ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе ја предводи новата Влада на Република Македонија, а нејзин премиер ќе биде Христијан Мицкоски.“ – одговори Мисајловски.



ТВ 21 ја пренесе и неговата изјава во врска со исходот од претседателските избори: Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе води со околу 100 илјади гласа плус.