Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ и носител на изборната листа во изборната листа 2 Владо Мисајловски синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека е легитимно прашањето дали СДСМ ќе излезат на гласање во вториот круг, откако ќе видат дека губат насекаде.
„Прашање е: што ќе прават СДСМ во вториот круг? Поентата ми беше: дали СДСМ ќе излезе да гласа? Тоа е прашањето: дали после првиот круг, затоа што тие ќе видат дека ќе губат насекаде и тој бран ќе се прелие и на парламентарните избори.“ – порача Мисајловски.





