На покана на министерот за одбрана на Холандија, Рубен Брекелманс, министерот Владо Мисајловски вчера учествуваше на средбата со своите колеги–министри за одбрана на земјите–членки на НАТО.
Министерот Мисајловски подвлече дека нашата земја останува силно посветена на заедничката цел – безбедна и сигурна Алијанса и безбедни над една милијарда луѓе во светот.
Исполнувањето на НАТО Целите на способности се највисок приоритет на одбраната и тоа ќе се реализира преку инвестициите во одбраната, како и преку процесот на модернизација и опремување на Армијата кој е во тек.
Претседателката Гордана Сиљановска–Давкова ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО во Хаг кој започнува денеска.
Во состав на делегацијата се министерот за одбрана, Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.






