Денеска сфатив две работи, првата сметам дека во срцето на тужениот, господинот Димитар Апасиев живее една мала ситна птица, кукавица и таа му пречи да дојде, да се појави на судење.
Ова е изјавата на директорот на Канал 5 Иван Мирчевски откако лидерот на Левица, Димитар Апасиев не се појави на рочиштето во Граѓанскиот суд, каде Канал 5 ТВ директорот Мирчевски го тужат за клевета и нарушување на угледот по серијата напади кон телевизијата и кон него а преку социјалните мрежи.
На истото судење на самиот почеток од страна на Канал 5 беше понудено Апасиев да се извини за, како што беше посочено, искажаните навреди и клевети, но од страна на адвокатката на лидерот на Левица тоа беше одбиено.
Директорот на Канал 5 – Иван Мирчевски очекува дека судот ќе ја донесе вистинската одлука, а искажа и разочарување што денеска Апасиев не дојде во судницата.
-Денеска сфатив две работи, првата сметам дека во срцето на тужениот, господинот Димитар Апасиев живее една мала ситна птица, кукавица и таа му пречи да дојде, да се појави на судење, не само на ова туку и на некои други судења, што сметам дека за човек, политичар и врвен интелектуалец е срамота. Истовремено му порачувам следно: Му посакувам нему и на неговото потесно семејство, никогаш, ама никогаш никој на никаков начин да не ги повтори овие зборови кои ги напиша за мене и за сите вработени кои што работиме во Канал 5, тие се варварски и бестијални,- вели Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 ТВ.
На рочиштето биле кажани воведните зборови, беа изведени доказите, а се кажаа и завршните зборови. Пресудата е закажана за 6 дена, откако претходно судијата Слободан Хаџи – Христовски ги одби дел од предложените докази на адвокатот на Апасиев, оценувајќи дека немаат поврзаност со предметот на тужбата. Адвокатот на Канал 5 – Даниел Ѓеорѓиевски кој оцени дека предложените докази на одбраната биле за одоговлекување и манипулација на процесот, кажа дека очекува, судот преку анализа на доказите да го утврди и основот и висината на тужбеното барање, кое вели, неспорно излегува од објавите кои се направени од Димитар Апасиев.
Еден студент на прва година на правниот факултет мислам дека ќе имаше многу подобра стратегија и пристап кон оваа постапка од тужениот кој што е професор на правниот факултет. Се покажа елементарно непознавање на процедурата и постапката денеска преку предлагање на некакви докази кои немаат никаква врска со петитумот на тужбеното барање, судот ваквото елементарното непознавње на тужбениот го препозна и ги одби сите тие предлози кои беа дадени од страна на тужениот и ја спроведе доказната постапка и заврши денеска предметот.
Канал 5 побара изјава и од адвокатката на лидерот на Левица – Тамара Велковска, но сепак таа одби да даде свој коментар за процесот.
Видеото на Канал 5
https://kanal5.com.mk/mirchevski-vo-srceto-na-apasiev-zhivee-edna-mala-sitna-ptica-kukavica/a669460






