Пред Белата куќа се одржа мирен протест на кој беше побарано претседателот Џо Бајден да се повлече од кандидатурата за уште еден мандат, јави NBCNews.
Движењето наречено Pass the Torch тврди дека тие се тајно поддржани од политички лидери како што се поранешната претседателка на Домот, Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.
Истата група вчера платила телевизиска реклама во една од омилените емисии на Бајден за да го убеди да ја прекине претседателската кампања.
Бајден наводно прашал дали потпретседателката Камала Харис, која се смета за фаворит да го замени доколку се повлече, би можела да го победи Трамп во ноември, објави Њујорк тајмс.




