Стотина лица се собраа денес на протест пред Основен суд во Скопје, по апсењето и приведувањето на 36 лица поврзани со настаните во Собрането на Република Македонија на 27 април.



Пристигнатите на протестот мирно и само со свирчиња и вувузели го изразуваа својот протест. Тие сметаат дека лицата се нелегитимно приведени и најавија дека остануваат на протестот.

Околу Судот беше забележливо зголемено присуство на полицијата.

Претпладневно од опозициската партија ВМРО ДПМНЕ ги повикаа симпатизерите и граѓаните да го изразат својот револт од, според пшартијата, незаконското апсење, приведување и малтретирање на граѓани кои а 27 априла „ја бранеа  својата земја“.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ, одржа прес конференција на која го изрази нездаоволство од полициската акција:

Бараме итно и безусловно стопирање на малтеретирањата, теророт и изживувувањето кое го прави СДСМ. Бараме итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, побара партиското седиште Груевски по што се приклучи на протестот.

По налог на јавното обвинителство утрово беше уапсен поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, припадници на МВР, пратеници , како и јавни личности и актери.

Сите 36 приведени се товарат за дело тероризам и доколку бидат прогласени за виновни се соочуваат со затворска казна од најмалку 10 години.

Јавното обвинителство побара на сите приведени на осомничени за насилнички упад во Собранието да им се одреди мерка притвор.

Согласно членот 313 од Кривичниот законик „Тој што со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија ќе предизвика или сериозно ќе се закани со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните, ќе се казни со затвор најмалку десет години“.

Ова го предвидува членот 313 од Кривичниот законик, пишува „Дојче веле“ во врска со соопштението на Јавно обвинителство дека гони 36 лица за насилничкиот упад во Собранието на 27 април годинава.

Од Обвинителството информираа, дека ја завршиле предистражната постапка за случајот.