Здружението на шкотските фудбалски известувачи (СФВА) го стави Бојан Миовски на скратениот список од четири кандидати за престижното признание за играч на годината во Шкотска, кое се доделува од сезоната 1964/65.
„По величественото враќање со 25 гола во досегашниот тек од сезоната, Бојан Миовски е номиниран за наградата за играч на годината според СФВА. Браво и со среќа“, објави неговиот тим Абердин на Твитер.
Конкуренти на напаѓачот на „донси“ и на репрезентацијата на Македонија за наградата од репортерите му се Џек Бутланд од Ренџерс, Мет О’Рајли од Селтик и Лоренс Шанкланд од Хартс.
Добитникот ќе биде прогласен на свеченост на 19 мај.
Покрај фудбалер на годината во Шкотска, Здружението избира и најдобар странски играч, најдобар тренер и најдобар млад фудбалер.





