Извонредните настапи на Бојан Миовски за Абердин сезонава, во која досега постигна 24 гола во сите конкуренции, на фудбалскиот репрезентативец на Македонија му донесоа место во тимот на годината во шкотскиот Премиершип составен од тамошната Асоцијација на професионални фудбалери (ПФА).



Играчите што настапуваат во Шкотска го ставија 24-годишниот штипјанец во идеалниот напад на лигата заедно со Лоренс Шанкланд од Хартс и Тео Бер од Мадервел.

Голман на годината е Џек Бутланд од Ренџерс, најдобрата одбрана ја сочинуваат Џејмс Таверние од Ренџерс, Камерон Картер-Викерс од Селтик, Лиам Скејлс од Селтик и Оувен Бек од Данди, а во идеалниот среден ред се Мет О’Рајли од Селтик, Џон Лундстрам од Ренџерс и Калум Мекгрегор од Селтик.