Миовски играч на натпреварот со Екстремадура во Купот на кралот

Двата гола, први за него во дресот на Жирона, на Бојан Миовски му го донесоа признанието за играч на натпреварот со Екстремадура во фудбалскиот Куп на кралот во Шпанија, во кој неговиот тим славеше со 4:0 на гостински терен.



Напаѓачот на каталонскиот тим и на репрезентацијата на Македонија во 58. минута погоди за 2:0, а четири минути подоцна зголеми на 3:0.