Бојан Миовски долго чекаше за својата прва радост во дресот на Жирона, постигнувајќи два гола за четири минути во победата од 4:0 на гостувањето кај Екстремадура на стартот од фудбалскиот Куп на кралот во Шпанија.
Македонскиот репрезентативец во 58. минута зголеми на 2:0, а во 62. минута и на 3:0 во својот седми настап за каталонскиот тим, а на шест натпревара не влезе во игра од клупата по доаѓањето од Абердин, каде што се промовира во еден од најдобрите стрелци во Шкотска.






