„Балансерот беше предмет на злоуотреба. Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат.
Тоа го направи Уставниот суд“, рече Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.
Според него, гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган.
„Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право“.
На прашањето за можните граѓански немири, тој додаде: Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „балансер“? Не.
“Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“.
Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека “Балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат” изјави министерот Минчев.






