Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оди во изолација откако добил позитивен резултат на ковид-19.
„Ве информирам дека утрово во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ по извршеното тестирање за ковид-19, резултатите кои ги добив се позитивни.
Оваа работна седмица работните обврски ќе ги извршувам во изолација од дома, сѐ до исчезнување на симптомите“, информираше Тошковски.(Плусинфо)






