Mинистерот за внатрешни Панче Тошковски денеска е во посета на Србија каде што ќе се сретне со неговиот колега Ивица Дачиќ, а ќе оствари средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.



Во фокусот на средбите ќе биде борбата против илегалната миграција и управувањето со границите, борба против организираниот криминал и корупцијата, измени на договорот и протоколот за реадмисија, унапредување на соработката во областа на обуката на хеликоптерската единица.

Тошковски и Дачиќ вчера беа во посета на граничниот премин „Табановце“. Најавија реформи за намалување на метежот и побрз проток на границата меѓу Македонија и Србија.