Перински: Формирањето „Албанска академија“, паралелна на МАНУ, не носи ништо добро, го нарушува заедништвото!

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во врска со „Албанската Академија“ во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ 21 нагласи: „Пристапот за формирање институција, која е паралелна на МАНУ, не носи ништо добро, тоа го нарушува концептот на заедништво! МАНУ не селектира кадри врз етничка основа!“

ТВ 21 пишува: Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори за најавата за „Албанската Академија“. Тој вели дека МАНУ е академија, која е реномирана и не селектира кадар врз основа на националност, етникум, според верска, или партиска определеност.

„Тоа е доказ дека луѓето, кои творат во рамки на оваа институција, се од различни националности. Бев изненаден навистина од тоа што го слушнав од медиумите за формирање институција паралелна на МАНУ. Пристапот за формирање на таквата институција не носи ништо добро, практично го нарушува концептот на заедништво.“ – посочи министерот за локална самоуправа Златко Перински.