Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денес, на 9 јуни 2025 година, ќе престојува во работна посета на Астана, во Казахстан. Посетата се реализира на покана на Мурат Нуртлеу, заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Казахстан.
Министерот Муцунски ќе оствари средби со министерот за надворешни работи Нуртлеу, со министерот за трговија и интеграција Арман Шакалиев, како и со гувернерот на Меѓународниот финансиски центар на Астана Ренат Бектуров.
На средбата со министерот Нуртлеу ќе се разговара за унапредување на заемната соработка во политичката и економската област. Ќе биде потпишана Програма за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Казахстан за периодот 2025–2027 година.
Нагласка ќе биде ставена на можностите за продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, условите за вложување во Македонија и можностите за соработка во туризмот.
Home Македонија Министерот Муцунски денес во Астана, во Казaхстан, заради продлабочување на заемната политичка...






