Министерот и портпаролот протестираат против Асани, оставки не даваат

Министерот за транспарентност и отчетност и пиртпаролот во Владата им се придружија на новинарите кои што протестираа против заканите и навредите упатени од Бекир Асани до претседателот на ЗНМ Насер Селмани.



Меѓу демонстрантите кои протестираа против високиот функционер на ДУИ беа министерот Роберт Поповски, портпаролот на владата Миле Бошњаковски, советникот за медиуми на министерот за култура Петрит Сарачини и шефот на тимот за комуникација во владата Зоран Бојаровски.

Четворицата протестираа против член на нивните коалициони партнери но засега нема најава дека некој од нив во знак на протест ќе даде оставка од своите позиции во Владата.