Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска побара од медиумите да не шпекулираат за процесот на преговори за името во многу незгодно време за односите со Грција.
Тој не сакаше да ги коментира информациите дека владата планира да го смени преговарачот во спорот за името со Грција , македонскиот амбасадор во Вашингтон Васко Наумовски кој беше поставен од владата на ВМРО – ДПМНЕ.
Димитров од медиумите кои што ја објавија информацијата бара да не шпекулираат и да дадат извори и аргументи за своите тврдења.
Медиумите кои што ја објавија информацијата за смена на Наумовски во јавноста важат за блиски на владата.





