Не ја победивме Албанија иако се беше наместено за втора врзана победа во овие квалификации. И игравме и имавме шанси, понудивме завидно ниво во клучните сегменти и заслуживме да славиме, но фортуната не беше на наша страна. Никој нема забелешка, кога се има посед, кога се вложува толку труд, кога определбата е напред, кога сите се вложуваат максимално.
Македонија остана петта, претпоследна во групата Г од квалификациите за Светското првенство. Сега веќе многу тешко ќе скокнеме од таа позиција бидејќи имаме уште гостување кај Италија и домашен меч со Лихтенштајн, а доцниме 2 бода зад Израел (исто има натпревар со Лихтенштајн) и шест зад Албанија.
Од мундијалските квалификации по целиот овој септемвриски циклус познати се осум селекции кои веќе се на завршницата. Тоа покрај домаќинот Русија се и: Русија, Белгија, Бразил, Мексико, Иран, Јужна Кореја, Јапонија и Саудиска Арабија.




