Поранешниот шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски претпочита да остане пратеник, со што отпаѓа можноста да биде дел од новата Влада предводена од неговиот партиски шеф од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Како политичар, но и како родител, имам доволно обврски и во Собранието, и со семејството и можам доста добро да одговорам и на политичката, и на родителската одговорност, подобро би ми било и за ова разговаравме со моите колеги во Извршниот комитет, да продолжам да бидам активен во Собранието“, изјави тој.
Милошоски беше министер за надворешни работи од 2006 до 2011 година.





