Новоизбраниот потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, на „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ го прокоментира случајот со експремиерот Зоран Заев кога рече „македонско небо“ во Грција, а водителката го поправи со „Северна Македонија“, на што тој со одобрување го повтори државното име неодобрено од македонските граѓани.
„Неговото понижување не е случајно и си има цена. За Заев овој договор беше бизнис зделка, а за Грција национален проект“, рече Милошоски.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ притоа се повика и на упатството на Министерството за надворешни работи веднаш по неовластеното потпишување на „договорот“ од Нивици од тогашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров како аргумент дека Заев можеше да ја отфрли сугестијата од модераторката на панелот во Грција.
Еден од правилните примери на употреба на придавката „македонски/o/a”, според упатството на Димитров, е „македонска територија“, со самото тоа и „македонско небо“, посочи Милошоски.






