Бизнисменот Роберт Милески кој преку неговата софтверска компанија соработува со врвни светски фирми како НАСА ги коментира изјавите на СДСМ од каде велат дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова нема капацитет, и достоинство да биде претседателка на државата.
Милески смета дека оваа партија го загубила правото да говори за достоинство и да се соберат сите во СДСД заедно нема да и бидат до колена на шефицата на државата.
,,СДС, партија која го изведе најголемото предавство во историјата на Македонија и македонскиот народ, последна е која може да зборува за достоинство.
Вие, кои со капитулантски договори ги продавате македонските национални интереси, без трошка срам го уривавте идентитетот и суверенитетот на оваа држава.
Гордана Сиљановска-Давкова има нешто што СДС одамна го нема – достоинство и принципи, и таа никогаш не би се свиткала пред странски интереси за сметка на македонскиот народ.
СДС е срам за секој Македонец кој вистински ја сака оваа земја, затоа што под вашето водство, Македонија стана предмет на потсмев и презир. За нејзниот капацитет само едно ќе кажам – да се соберете целото раководство на СДС заедно не сте и ни до колена.
Вашето обвинување е лицемерие од највисок степен – партија која не ги почитува своите граѓани и ја продава сопствената држава, нема право да зборува за достоинство. Историјата ќе ве памети како предавници, додека народот ќе се сеќава на оние што вистински се борат за Македонија”, пишува Милески кој важи за критичар на сите негативни појави во Македонија.






