Мико ја „донесе Македонија“ со себе во дивината Санта Тереза во југоисточна Аризона

Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, продолжува да се фотографира со шал со напис „Македонија“ и со Сонцето од Кутлеш на своите патешествија низ американската сојузна држава Аризона, во чиј град Тусон живее.



„Ја донесов #Македонија со мене во дивината Санта Тереза во југоисточна Аризона, груб, оддалечен и прилично непристапен планински венец, кој е едноставно болно убав, на тридневно патување со две ноќи со ранец од 25 милји/40 километри“, објави Мико на Твитер.