Поранешниот почесен конзул на Македонија во САД, Џејсон Мико, им честита на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова за победата на изборите во Македонија.
„Во моментов сум во Кентаки, па ова е бурбон, не ракија, но ова е за тебе #Македонијо и за моите македонски пријатели и семејство! Добро сторено! @VMRO_DPMNE @gogamkd“, објави на Твитер македонскиот дипломатски претставник во Тусон, Аризона, разрешен од Владата на Зоран Заев по преземањето на власта пред седум години.






