Американецот што повеќе од две децении се залага за правото на Македонија и на Македонците на сопствен идентитет реагира на долгата листа барања што денеска ги испорача грчкиот премиер Алексис Ципрас кон северниот сосед.
„Цела листа барања, без гаранции, плус нов предлог за ‘име’ – ‘Македонска Република Скопје’. Ципрас и неговата Влада се обидуваат, едноставно, да го искоренат македонскиот народ“, напиша Мико на „Твитер“.
Грчкиот магазин „Риал њуз“ на насловната страница ја пренесува пораката „Направете чекори кон заемнo прифатлив договор“.
Конкретните барања се однесуваат на промена на името на скопскиот аеродром, отстранување на спомениците „кои имаат иредентистички тенденции“, како оние на Александар Македонски и на Филип Втори Македонски, но и јавен став од Скопје дека прифаќа разговор за сложено име за севкупна употреба. Ерга омнес е точката што била особено важна за Атина.





