Мико: Магарето од EUalive што тврди дека Македонците се измислени од Тито упорно го промовира терминот Северномакедонци

Пријателот на Македонија од САД Џејсон Мико кој меѓу другото се занимава и со обидите на некои центри на моќ Македонците во странските медиуми и јавноста да се претворат во Северномакедонци укажува на навредливото однесување на бугарскиот новинар во Брисел Ѓорѓи Готев.



Готев кој е основач на порталот EUalive а преходно тврдеше дека Македонците се измислени од Тито и Југославија упорно го промовира терминот Северномакедонци поради што Мико го нарекува магаре иако според преводот што за зборот jackass го дава Гугл Транслејт Готев е наречен кр*тен.

Мико наведува повеќе примери од текст во кој Готев сака да го поништи терминот Македонци и во Брисел и во ЕУ да ја наметне непостоечката кованица Северномакедонци.

“Во напад врз Македонија и Македонците, бугарскиот таканаречен новинар Георги Готев постојано и со лоша намера ги етикетира Македонците како „СеверноМакедонци“. Ова е истото магаре/кр*тен кој вели дека Југославија „ги измислила“ „СеверноМакедонците“. И дали е тој „новинар“, прашува Мико.

Прашањето на Мико дали Готев е новинар е реторичко затоа што тој знае дека Готев е експонент на бугарските националистички кругови во Софија кои сакаат да докажат дека Македонците се Бугари.

Фото:

На фотографијата е Џејсон Мико кој каде и да патува го носи макеонското знаме или банер со Македонија