Поранешниот почесен македонски конзул во САД, Џејсон Мико, ѝ сугерира на американската амбасада во Скопје да се извини за гафот на државниот секретар Ентони Блинкен, кој во објава на Твитер со порака „Ние сме НАТО“ меѓу знамињата на земјите-членки на Алијансата, наместо македонското го стави тоа на Северните Маријански Острови.
„Секако дека го зачувавме оригиналот за вас. Но, можеби, извинување од Амбасадата на САД на Македонците каде и да се? Или да се биде неизбран бирократ значи дека никогаш не треба да се каже: ‘Жал ми е’? Мислам, сите ние сме луѓе и правиме грешки. И тогаш се извинуваме. #Македонија“, прокоментира Мико на Твитер покрај првичниот твит на Блинкен, на кој му посочи: „Ја изоставивте Македонија – превид или намерно? Имајќи ги предвид жртвите што ги направија Македонците Или беа принудени да ги направат) за влез во НАТО, морам да прашам… #АмбасадаНаСАД“.






