Еминентниот грчки композитор Микис Теодоракис изразил поддршка за митингот закажан за оваа недела на плоштадот Синтагма, во Атина, во знак на протест поради евентуалното вклучување на терминот Македонија во идното решение за спорот околу името помеѓу Атина и Скопје.



„Ќе го дадам својот живот за овој народ и за мојата земја“, рекол Теодоракис. „Ќе се обидам да бидам таму“.

Теодоракис (92) изјави дека сака да присуствува на митингот во грчкиот главен град, а доколку не може лично да присуствува, ќе испрател порака реку видео-линк.

Изјавата на Теодоракис е одговор на поканата на организаторите на митингот, каде композиторот е поканет да зборува.

Теодоракис изјави дека е горд за големиот митинг што се одржа на 21 јануари Солун, каде што десетици илјади луѓе се собраа да протестираат против употребата на терминот Македонија како дел од решението за името кои 25 гоини се водат со посредство на ОН.

„Доколку неговото здравје го дозволи тоа, Теодоракис ќе се обрати на плоштадот Синтагма во недела“, изјави за „Катимерини“ еден од организаторите.

Теодоракис, како што пренесе „Експрес.мк“, неодамна оцени дека националниот банкрот на Грција е помал проблем отколку допуштање на терминот „Македонија“ во решението на проблемот на долгогодишниот спор.

Грчки медиуми претпоставуваат дека на големиот митинг во Атина, закажан за 4 февруари, ќе бидат присутни над еден милион луѓе од сите краишта во Грција.