Миа Костова во клинч со Боемот за уривање на системот, децата на висока температура, клими во училиште и принципи

Инфлуенсерката Миа Костова влезе во клинч со Никола Николовски на социјалните мрежи познат како ,,Боемот” во врска со децата на високи температури, климите во училиштето и принципите на живеење.



Конфликтот почна откако Миа Костова објави дека нејзиниот син нема да оди на училиште во Септември затоа што во неговото училиште во училницата каде што учи температурата била енормно висока.

Таа планира синот да го прати на училиште од Октомври.

,,Планирам Андрија да ја почне школската година во октомври, не дека е свилен него дека бев вчера на родителска во 19:00, во училница беше 37 степена, верувам дека во 12:00 попладне е 57 степена. Ако Центар конкретно нема решение, јас имам. Ќе фатиме уште некоја плажа, па нека полага. Ако нема начин најново школо во државава да има климатизација, што останува за другите школи и општини. 2024 – неклиматизиран простор. Па има еден период од денот кога сонцето е директ во училници. Не знам стварно дали сте нормални? Ај големиве, а целодневна? Замислете училница на сонце, без клима и деца што трчаат низ неа. Па кратко било, да издржиме. Ништо не издржуваме, ја би бојкотирала настава, само така. Во спротивно ќе си го повлечам детето што доаѓа со мокри гаќи и чорапи дома па ќе се договараме за пропуштем материјал”, напиша Костова.

Оваа порака Боемот ја квалификува како самоволие и обид за уривање на образовниот систем по што почна конфликтот.

На ова Костова врати со навидум мек речник.

Потоа Боемот ја обвини дека во недостаток на аргументи Костова врши напад на лична основа со користење на физички недостатоци.

Во судирот меѓу двајцата инфлуенсери со свои контра ставови се вклучија и многу други родители и граѓани.