Задар вечерва во Скопје го победи македонскиот кошаркарски првак со 85-80 во натпревар со кој беше заокружено третото коло во Јадранската лига. Првиот домашен пораз во сезоната, а втор вкупно, е доживеан по серија сопствени грешки и против екипа која имаше само еден играч. За жал кај сините исто денеска само еден расположен Лалиќ (23 поени), но тој беше послаб од Ноулс (25 поени) на спротивната страна, а плус нашиот центар немаше помошници. Особено тоа се почувствува во незивесната завршница кога никој освен Лалиќ и до некаде Стојановски не беа подготвени да преземат одговорност. Ни во одбраната, ни во нападот.



Тоа ги оневозможи Аеродромци да слават против Задар, но и ги потврди тезите по големиот пораз кај ФМП дека тимот не е многу конкурентен и дека победата со Партизан на старот од кампањата бил блесок кој може во скоро време и да не се повтори.