Македонскиот кошаркарски првак се реши да го врати во своите редови Јуре Лалиќ, кој според многумина беше најконстантниот и најдобриот играч на екипата од Аеродром во минатата сезона. 31 годишниот Хрват кој потекнува од Макарска, а низ кариерата беше дел и од Задар, Цибона, Олимпија, Лукоил, лани, дносно до пред три месеца беше дел од првата петорка на „сините“ кои ја одбранија титулата во домашното првенство.
Лалиќ во минатата сезона беше трет стрелец во МЗТ во Јадранската лига со 11,3 поени и втор скокач со 6 фатени топки по меч.




