Првиот потпретседател на Владата , Изет Меџити, најави дека Владата донела одлука за трансформација на здравствените работници кои во минатото со години биле вработени со договор на дело.
Според него, од .1500 работници, 800 се Албанци и одлуките ќе бидат подеднакво поделени: 50 отсто Албанци и 50 отсто Македонци.
„Во овој период ќе донесеме само една владина одлука за трансформација на оние кои беа вработени во здравството во претходните влади и останаа со договори за работа, некои дури и десетици години.
Во Македонија има 1.500 здравствени работници, кои се држени како заложници за да ги искористат пред избори, не давајќи им решенија да ги користат како гласачи“, изјави Меџити во емисијата „Политика“ на ТВ Глоби.
Тој потенцираше дека ќе се носат одлуки без разлика кој ги вработил, бидејќи на здравството му треба кадар.
„ Донесовме владина одлука тие да се претворат од договори во работни решенија, без разлика дали ги вработил ДУИ, СДСМ или некој друг. Важно е дека здравството да има потреба од нив, не можеме да си играме со тие што работеле 10 години со договори“, потенцира тој.






