Работа на ЈО да реагира по допрен глас, изјави Изет Меџити од коалицијата ВРЕДИ во врска со проблемот со казината во Макдонија и незаконски потпишаните одлуки од поранешниот прв вицепремир Артан Груби.



Во гостување на ТВ24 Меџити рече дека ВРЕДИ уште во преговорите за формирање на влада, отстапиле од можноста да ја преземат Лотарија на Македонија.

„Се боревме против таа девијација во општеството и зошто Македонија прерасна во Лас Вегас, правиме конкретни чекори“, рече Меџити.

„Првиот чекор е тоа, а вториот ќе се разгледаат незаконски донесените одлуки потпишани од Груби и мислам дека штом се констатира тоа, тие ќе се поништат.

Ќе бараме да се средат работите во тој сектор, бидејќи досега, зеле лиценца, платиле една лиценца, а отвориле 10-15 казина во центарот.

Не спориме дека Лотарија на Македонија постои како прертпријатие, но се водеше на незаконски начин со коруптивни зделки.

Штом се констатираат дека се незаконски донесени одлуките на владина седница, без позитивно мислење од законодавната правна комисија, тоа е основа за отварање на истрага. Тоа е работа на ЈО да реагира по допрен глас“, рече Меџити.