Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити вели дека не знае точно каде се наоѓа Артан Груби, но додаде дека „според изјавите на Али Ахмети тој е во Албанија“ идека таму побегнал без помош од Владата..
„Ахмети потврди дека Груби е во Албанија, но јас немам конкретни информации“, изјави Меџити за ТВ24.
„Според моите информации, власта не го ослободила, но има луѓе во МВР кои во моментов се под кривичен прогон. Последните моменти ги искористил да избега и изјави дека ќе се врати, но не (се врати) и со тоа докажа дека е виновен“, изјави Меџити.
Тој нагласи дека очекува сите кои избегаа од државата да се вратат и да сносат одговорност за своите постапки.






