„Обезбедив 20 милиони евра од Владата! На плоштадот ‘Скендербег’ ќе градиме подземна катна гаража со 371 ново паркинг место.“ – изјави вицепремиерот Изет Меџити. Неговата изјава ја објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: Вицепремиерот Изет Меџити соопшти дека Владата денеска доделила 20 милиони евра за изградба на подземна катна гаража на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.
„Владата одлучи да одвои 20 милиони евра за проектот за изградба на повеќекатната подземна гаража кај плоштадот Скендербег во Скопје. Овој повеќегодишен проект предвидува изградба на 371 ново паркинг место, распоредени на две подземни рамништа на повеќе од 12 илјади квадратниместа вкупна површина. Ќе се обезбеди и соодветен број паркинг места за лица со посебни потреби. Со ова се заокружува плоштадот Скендербег.“ – посочи Меџити.





