„ВРЕДИ“ нема да биде дел од некоја влада која нема да биде европски настроена, изјави лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, кој е дел од коалицијата на опозициските партиии на етничките Албанци.



„Ние не сакаме по секоја цена да бидеме дел од некоја влада која нема да биде европски настроена. Цениме дека таква партија е само Левица, која е антиевропски настроена и со нив не би сакале да сме во иста влада.

Другите, кој повеќе кој помалку, се европски настроени. Наш приоритет е европската интеграција“, вели Меџити.