Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити вели дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во ВРЕДИ.



 Пропадна Европскиот фронт: Тачи му сврте грб на Али Ахмети

„Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие (ДПА и ДУИ) не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена“, изјави Меџити.

Прашан дали планираат да преговарат со пратеници од ДУИ за да преминат на страната на ВРЕДИ, Меџити најави дека во наредниот период ќе има повеќе информации за тоа.