Денеска во Чаир Изет Меџити од „Вреди“ изјави дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за формирање влада му е потребен албански партнер, бидејќи во коалицијата има од сите други етнички заедници. Меџити рече дека во моментов единствен чист албански концепт во политиката во Р*В е „Вреди“. Ова го објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува изјавата на Изет Меџити, дадена во овој контекст: „Мајскиот договор, што беше потпишан во 2007 година, бараше победникот кај Албанците и победникот кај Македонците да формираат нова влада. Сега ДУИ го прекрши ова, не е повеќе албански концепт, туку влезе во мултиетнички концепт, во граѓански концепт. Сето ова го направи после 22 години, за да се спаси со гласовите на Турците, Бошњаците. Тоа беше легитимно, но сега не може да се повикува на тоа дека ги претставува Албанците во Македонија. Чисто албански концепт е ‘Вреди’ и нормално дека на Мицкоски, кој има Турци, Бошњаци и други етнички заедници во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, за да биде целосна сликата, му треба албански партнер. Албански партнер во моментов е само ‘Вреди’.“




