Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма објави дека имал понуда да ја подели Вреди. Ова го пренесе ТВ 21. Меџити рече дека му понудиле да се врати во ДУИ, да ја преземе партијата и да ја реформира. Меџити нагласи дека не ја прифатил понудата, бидејќи, како што додаде, „прифатил да биде дел од промената во коалицијата Вреди“.
„Имаше и има обиди за поделба на Вреди. Ја добив првата понуда од посредници, ми рекоа да дојдам во ДУИ, оти „сега го нема Артан, партијата ќе се исчисти уште повеќе, Ахмети ќе се пензионира, а ние ќе ја преземеме партијата и ќе ја реформираме“. „Но, јас не прифатив, бидејќи веќе прифатив да бидам дел од промената во Вреди. Таравари прифатил некаква понуда.“ – посочи Изет Меџити.
Мистериозна изјава на Мицкоски што треба да ги загрижи Филипче и Ахмети: Довербата од граѓаните е огромна






