Меџити: Законот за правична застапеност гарантира еднаков пристап за сите етнички заедници до вработување во јавната администрација според заслугите

Вицепремиерот Изет Меџити за време на претставувањето на Законот за правична застапеност изјави дека донесувањето на овој закон означува историски момент, бидејќи за прв пат правичната и соодветна застапеност како уставна категорија од 2001 година добива јасно и целосно законско решение, иако требаше да биде регулирана со закон од 2003 година. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Актуале“.



Натаму порталот пишува: „Ова прашање е заложник на политичката волја повеќе од две децении. Предлог-законот гарантира еднаков пристап до вработување и напредување во јавната администрација, правична и соодветна застапеност на сите заедници во јавната администрација преку обезбедување вработувањето да се врши врз основа на заслугите и квалификациите на секој поединец, создавање институционални и процедурални механизми за избегнување на дискриминација и зајакнување на сеопфатноста.“ – изјави Меџити.

Тој додаде дека конечно со овој закон застапеноста се отстранува од дневната политика и станува законско право за секој граѓанин без оглед на етничката припадност.