„ДУИ нема причина да ги бојкотира локалните избори. Тоа не би го поддржал ниту меѓународниот чинител.“ – изјави Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди. Според него, „бојкотот само ќе ѝ наштети на партијата на Ахмети“. „Локалните избори ќе бидат основа за докажување на легитимноста.“ – нагласува Меџити. Ова го објави ТВ Алсат.
Телевизијата ја цитира изјавата, што ја даде Изет Меџити во овој контекст: „ДУИ се обидува да создаде по секоја цена разни политички кризи. Но самата е како партија во криза, бидејќи нема платформа, програма, визија. Се обидува постојано да создава напнатост со полувистини, или лажни вести. Но, граѓаните почнуваат да сфаќаат дека тоа што го кажува ДУИ е невистинито. Време е во ДУИ да се свртат кон себе, да се реформираат и да бидат конкурентни. Во спротивно нема да бидат конкуренти на политичката сцена и тогаш немаат причина да излезат на следните локални, или парламентарни избори. Не го поддржуваат бојкотот ЕУ и другите меѓународни стратегиски партнери не поддржуваат бојкот на локалните причини. ДУИ нема причина да бојкотира. Постојано бараат легитимитет и еве на кои избори ќе можеме да се измериме. Цело време бараа предвремени избори, а сега кога се нудат избори најавуваат бојкот.“,





