Првиот вицепремиер , Изет Меџити реагираше на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“.
– Никој не отворил такво прашање дека може без Албанците. Никој не го оспорува тоа, за да одговориме, вели Изет Меџити, прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ Али Ахмети од Швајцарија дека „без Албанците, ќе нема иднина за Македонија“.
Во однос на новоизбраното раководство на СДСМ, Меџити им посака успех со започнатите реформи и како што нагласи, „да се придржат до тоа што е својствено на нивните политики“.
– Од граѓански концепт, во последно време забегаа во националистички и тврди ставови, што мислам дека не им оди во прилог. Така да, посакувам да се вратат на своите определби и да придонесат во општеството, изјави Меџити.






